Template:Appeal/Editor-MikeCline/mk: Difference between revisions
Seddon (WMF) (talk | contribs) Created page with "{{Template:2011FR/quote |Кога човек е во река до колена на риболов, тогаш е многу блиску до природата. Тоа е ..." |
m Pcoombe moved page Template:2011FR/Appeal-mikecline/text/mk to Template:Appeal/Editor-MikeCline/mk |
(No difference)
|
Latest revision as of 14:41, 27 February 2019
Кога човек е во река до колена на риболов, тогаш е многу блиску до природата. Тоа е прибежиште. Но и одлична телесна вежба.
Кога бев дете, почнав да купувам книги за мушичарење. До денес имам насобрано над 600 книги на таа тема. Имам мушичарено ширум светот. Некои мислат дека е некаков езотеричен спорт, но јас сум заљубен во мушичарењето.
По 28-годишен стаж во Воздухопловните сили на САД, го пропатував светот, па се пензионирав и се преселив во Монтана, каде човек може да мушичари и планинари колку што сака. Кога не сум во природа, пишувам на таа тема на Википедија.
Никој не ме плаќа за ова. Уредувам бидејќи сум убеден во задачата на Википедија: дека севкупното човеково знаење треба да стои на располагање секому на светов. И тоа бесплатно.
Википедија е непрофитна, и сметам дека само така треба да биде. Не работи за акционери, не полни банкарски сметки. Така Википедија може да се посвети на нејзината задача и нејзините начела. Затоа давам мал прилог секоја година.
Годинава, се надевам дека ќе ми се придружите да дадеме нешто за возврат.