Template:Appeal/default/mk
Google веројатно има речиси еден милион опслужувачи. Yahoo има околу 13.000 вработени. Ние имаме 679 опслужувачи и 95 вработени.
Википедија е 5-та најпосетена страница на Интернет која ја користат 470 милиони луѓе месечно – со милијарди прегледи на страниците.
Деловното работење е сосема во ред. Рекламирањето не е зло. Но тука не му е местото. Не на Википедија.
Википедија е нешто посебно. Таа е како библиотека или јавен парк, како храм за умот. Место што сите ние го посетуваме за да размислуваме, да научиме и да го споделиме нашето знаење со другите.
Кога ја основав Википедија, можев да ја направам да биде профитна фирма со реклами, но сепак решив да направам нешто поинакво. Низ годините работиме напорно за да ја одржиме нашата самобитност. Си ја исполнуваме задачата, и остваруваме без денгуба.
Доколку секој што го чита ова даде 200 денари, собирањето средства би траело еден ден во годината. Но не секој може да одвои, и не секој ќе го стори тоа. И тоа е во ред. Секоја година се наоѓаат доволно дарители за да се покриеме.
Годинава би Ве замолил да одвоите 200, 500, 1000 денари или онолку колку што можете - за да ја заштитиме и одржиме Википедија.
Ви благодарам,
Џими Велс
Основач на Википедија