Template:Appeal/Editor-Ravan/mk
Денес постои јаз помеѓу развиениот свет и краиштата што се во развој. Проблемот не е во парите, туку во моќта. Во знаењето.
Ако следите вести, тогаш знаете за Арапската пролет. За младите како мене и моите другари, ова беше почеток на една нова ера. Како што се случуваа овие пресвртни настани, бевме опседнати со новостите, следејќи ги во секој миг. Гледавме на телефоните, Facebook, Twitter.
И пишував на Википедија. Ја обожавам Википедија бидејќи е непристрасна; таа е најдобар извор за најнови информации од неутрална гледна точка. Гледав CNN, Ал Џезира и BBC во потрага по најдоверливите извори. Потоа додавав актуелности веднаш штом ќе се случеа.
Ова е неверојатно. За прв пат во историјата, секој може да знае што се случува, и тоа баш како што се случило. Така можеме да ја споделиме вистината со луѓето ширум светот.
Сакаме свет што е поотворен, пообразован и послободен. Сакаме свет кајшто знаењата им стојат на располагање на сите оние што ги бараат.
Време е да го смениме светот. Би сакале да ми помогнете?