Template:Appeal/Brandon/mk: Difference between revisions

From Donate
Jump to navigation Jump to search
imported>FlavrSavr
m minor corrections
 
m 1 revision
(No difference)

Revision as of 20:40, 2 November 2011


Се чувствувам како да го живеам првиот ред од мојата посмртница.

Мислам дека во животов не можам да направам ништо поважно од она што го работам за Википедија. Не само што градиме енциклопедија, туку и работиме на ослободување на поединецот. Кога имаме пристап до слободни сознанија, стануваме подобри како личности. Осознаваме дека светот е поголем од нас, и така се задојуваме со трпеливост и разбирање.

Википедија е 5-то најпосетена веб-локација во светот. Јас работам во малата непрофитна организација што ја одржува. Не истакнуваме реклами бидејќи така би ја жртвувале нашата самобитност. Нашата веб-локација не треба и никогаш нема да биде алатка за пропаганда.

Сето она што го правиме е можно само поради средствата што ни ги даруваат нашите читатели. Дали би ни помогнале да ја заштитиме Википедија дарувајќи $5, €10, ¥1000 или онолку колку што можете да одвоите?

Работам во Фондацијата Викимедија бидејќи во душава чувствувам дека така е најисправно. Имам работено во огромни технолошки фирми, кајшто имав задача да програмирам некакви глупости осмислени да крадат пари од деца што не се ни свесни што се случува. Дома доаѓав претепан од работа.

Можеби веќе знаете, но Фондацијата Викимедија работи со многу мал персонал. Речиси секое од десетте најпосетени мрежни места има по десетици илјади вработени и огромни буџети. Но она што го прават е една ронка во споредба со она што ние го постигнуваме со прикрпени средства.

Кога дарувате средства за Википедија, Вие го поддржувате ширењето на слободни знаења ширум светот. Така не само што оставате наследство за Вашите деца и внуци, туку и ги издигате луѓето ширум светот што имаат пристап до ова богатство. Вака знаете дека оние што го немаат, еден ден ќе го имаат.

Ви благодарам,

Брендон Харис
Програмер во Фондацијата Викимедија