Keep Wikipedia Free

Од Donate
(Пренасочено од WMFJA085/mk)
Прејди на: содржини, барај

Обраќање на Џими Велс - основач на Википедија.

Википедија е 5-та најпосетена страница на Интернет која ја користат 500 милиони луѓе месечно – со милијарди прегледи на страниците.

Деловното работење е сосема во ред. Рекламирањето не е зло. Но тука не му е местото. Не на Википедија.

икипедија е нешто посебно. Таа е како библиотека или јавен парк, како храм за умот. Место што сите ние го посетуваме за да размислуваме, да научиме и да го споделиме нашето знаење со другите.

Кога ја основав Википедија, можев да ја направам да биде профитна фирма со реклами, но сепак решив да направам нешто поинакво. Низ годините работиме напорно за да ја одржиме нашата самобитност. Си ја исполнуваме задачата, и остваруваме без денгуба.

Доколку секој што го чита ова даде по $5 собирањето средства би траело еден ден во годината. Но не секој може да одвои, и не секој ќе го стори тоа. И тоа е во ред. Секоја година се наоѓаат доволно дарители за да се покриеме.

одинава би Ве замолил да одвоите $5, $20, $50 и онолку колку што можете - за да ја заштитиме и одржиме Википедија.

Ви благодарам,

Давајќи го овој прилог, вие ги споделувате информациите со Фондацијата Викимедија, непрофитната организација која раководи со Википедија и другите Викимедиини проекти, и нејзините услужители во САД и на други места, согласно нашите правила за приватност на дарителите. Ние не ги продаваме или разменуваме вашите информации со никого. Повеќе на страницата за правила за дарителите.