Template:Appeal/GW/mk

From Donate
Jump to navigation Jump to search

Од учесник на Википедија

Јас сум студентка. Учебниците за еден семестар ме чинат $500. На Википедија добивам информации во вредност од илјадници книги за беспари.

Затоа не сум само читател, туку и учествувам во создавањето на Википедија. За мене е од голема важност овој извор на информации да биде достапен за сите, и тоа бесплатно. Со 470 милиони читатели месечно, Википедија претставува нешто значајно за милиони луѓе во светот.

Википедија требаше уште одамна да се распадне. Работи на основа на консензус, за разлика од практично секоја друга заедница. Не постои вистинска управа, нема извршен одбор што одлучува за секое уредување и секое правило. Наместо тоа, имаме една феноменална заедница од доброволци што соработуваат во создавањето на овој извор на сознанија, кој е бесплатен и нема реклами.

На тој начин, нашава повеќемилионска заедница на уредници заеднички создава енциклопедии на 283 јазици, кои вкупно имаат 20 милиони статии.

Нашите активности се одвиваат со многу мал буџет во споредба со другите најпосетени места на интернет. За да си ја вршиме работата, потребна ни е стабилна инфраструктура: опслужувачи, проточност, програмери, па дури и правници што ќе ни ја заштитат нашата самостојност. Сето ова со средства од читателите. Можеби мислите дека вашите неколку долари се капка во море, но токму тоа е предусловот за постоењето на целиот овој проект.

Ви благодарам многу.