Template:Appeal/Karthik/mk

From Donate
Jump to navigation Jump to search

Од Картик Надар - уредник на Википедија

Дента кога терористичкиот напад го разори центарот на мојот град, Википедија ми го измени животот.

Бомбашките напади во Мумбај во 2011 се појавија на насловните страници на сите весници, но во моментот кога се случија, немаше јасни информации за ситуацијата.

Знаев дека не сум единствениот што сака да дознае што се случува. Затоа отидов и сликав, подигнав карта што ја составив, и се погрижив статијата на Википедија да им даде јасна слика на читателите за тоа безредие.

Оттогаш имам извршено илјадници уредувања на статиите на Википедија. Тој ден Википедија ми ја зацврсна љубовта за фотографското новинарство, и оттогаш одам по тој пат.

Почувствував голема благодарност кон Википедија, и кога дознав како се издржува, решив да дадам свој прилог од 250 рупии. Дали би дале прилог за да го зачуваме овој драгоцен извор на сознанија достапен ширум светот?

Википедија ни овозможува да го споделиме целиот свет. Со 470 милиони поединечни посетители месечно, Википедија направи пресврт во начинот на кој ги добиваме и шириме информациите – напати во самиот момент на случување.

И сето ова е бесплатно – без ниедна реклама, со помалку од 1000 опслужувачи и помалку од 100 вработени.

Тоа е нешто за восхит. Погледајте ги Google и Facebook. Имаат стотици илјади опслужувачи и десетици илјади вработени.

Не е чудо што Википедија е 5-та најпосетена страница на интернет. Не е ни чудно што секоја година бараат помош од луѓе како мене и вас.

Дали би сакале да учествувате со $5, €10, ¥1000 или онолку колку што ви значи Википедија?

Ви благодарам,

Картик Надар
Уредник на Википедија