Template:Appeal/Susan/mk

From Donate
Jump to navigation Jump to search

Од Сузан Хјуит - автор на статии на Википедија

Google веројатно има речиси еден милион опслужувачи. Yahoo има околу 13.000 вработени. Википедија има 679 опслужувачи и 95 вработени.

Википедија е 5-та најпосетена страница на Интернет, и ја користат 470 милиони луѓе месечно – сето тоа благодарение на доброволните прилози од читателите.

Ако ја користите Википедија, сфаќате колку е феноменално што доаѓате до сиве овие информации без да треба да плаќате, без да читате реклами, без ништо да ви трепка на страна и така натаму. Чисто доживување.

Сметам дека луѓето што имаат голема полза од ова, и што можат да си допуштат, веројатно би почувствувале морална должност да дотурат некој долар ако знаат колку значи секој прилог.

Значи, решени ли сте да дадете некој долар денес? Може 5, а може и 20!

Прекрасно е кога ќе помислам дека бубалиците како мене, што обожаваат чудни работи како членконоги (пајаци и сл.), можат да се здружат и да ја споделат оваа страст со светот. Затоа Википедија е така чудесна – во сите нас има една неизречена светлина што извира од желбата да ги споделуваме сознанијата со сите околу нас.

Нека расте и цути нашата градина на знаењето - дајте прилог денес.

Ви благодарам,

Сузан Хјуит
Уредник на Википедија